
Фијала: Европските сојузници да ја зголемат помошта за Украина
-Ако не сакаме агресивната Русија да продолжи да се шири на само неколку стотини километри од нашите домови, мора да ја зголемиме воената поддршка за Украина, порача Фијала на платформата Икс, пред денешната средба на европските лидери во Лондон.
Чешкиот премиер Петр Фијала ги повика европските сојузници да ја зголемат воената поддршка за Украина и сопствените трошоци за одбраната од најмалку три отсто од БДП.
„Европа е пред голем историски тест. Таа мора да се грижи за сопствената безбедност и добра иднина. Никој друг нема да го направи тоа наместо нас. Ако не сакаме агресивната Русија да продолжи да се шири на само неколку стотини километри од нашите домови, мора да ја зголемиме воената поддршка за Украина“, порача Фијала на платформата Икс, пред денешната средба на европските лидери во Лондон.
Според него, ако Европа сака одржлив и долгорочен мир, мора да биде „добро вооружена“, а тоа, како што наведе, „нема да биде можно без зголемување на трошоците за одбрана на најмалку три отсто од БДП“.
Фото: ЕПА