ФИФА подготвува жестока казна за Индонезија

ФИФА размислува за санкции против Индонезија откако и ја одзеде организацијата на Светското првенство за играчи до 20 години, изјави шефот на Индонезиската фудбалска асоцијација (ПССИ), Ерик Тохир.

ФИФА, како што изјави тој и го одзеде домаќинството по гневот на некои политичари во земјата со мнозинско муслиманско население поради учеството на Израел.

ФИФА презеде акција откако ПССИ соопшти дека ја откажа ждрепката за турнирот бидејќи гувернерот на Бали одби да биде домаќин на израелскиот тим. Одземањето на шампионатот предизвика бес меѓу навивачите и играчите во земјата.

Ерик Тохир на прес-конференција рече дека најстрогите санкции што ФИФА може да ги наметне вклучуваат забрана на Индонезија да се натпреварува на највисокото меѓународно ниво во спортот.

„Работам напорно на повторно преговарање со ФИФА за да може да се избегнат санкциите“, кажа Тохир.