Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска по повод нивниот 50-годишен јубилеј
Мешаниот хор „Доминанте“ (Dominante) од Финска во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, вечер од 20 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар, како и праизведба на композицијата „Јовано, Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска.

Концертот ќе биде изведен под диригентска палка на маестро Сепо Мурто и се одржува по неколкудневни подготовки на хорот во Охрид. Во Скопје хорот „Доминанте“ ќе одржи и заедничка проба со мешаниот хор на ФМУ „Драган Шуплевски“, предводен од маестро проф. Сашо Татарчевски.
Хорот „Доминанте“, основан во 1975 година при Универзитетот „Аалто“ во Хелсинки, е еден од најпознатите фински хорови, препознатлив по својот блескав звук и уметничка извонредност.
Вечерашниот настан е резултат на соработка помеѓу Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Винарија Тиквеш, М6 Едукативен центар и Почесниот конзулат на Финска во Скопје.