Финска размислува за повлекување од договорот за забрана на противпешадиски мини
Финска размислува да се повлече од меѓународниот договор за забрана на противпешадиски мини бидејќи Русија користи слично оружје во Украина, изјави министерот за одбрана Анти Хакианен.
Финска размислува да се повлече од меѓународниот договор за забрана на противпешадиски мини бидејќи Русија користи слично оружје во Украина, изјави министерот за одбрана Анти Хакианен.
За повлекување од Договорот од Отава од 1997 година за забрана на употребата, складирањето, производството и преносот на противпешадиски мини ќе биде неопходна поддршка од мнозинството во финскиот Парламент.
Повлекувањето од договорот ќе и овозможи на финската војска повторно да започне со складирање мини за прв пат откако скандинавската земја, која е членка на НАТО и ЕУ, го потпиша во 2012 година.
„Наредив да се направи проценка дали употребата на противпешадиски мини е фактор за зајакнување на финската одбрана и дали ќе имаме способност да ги користиме. Тоа е од одбранбена гледна точка“, изјави Хакиенен.
Финска уништи повеќе од еден милион противпешадиски мини откако стана последната земја од ЕУ што се приклучи на договорот, ратификуван од повеќе од 160 земји, но не и од Русија.
Финска, која има заедничка граница од 1.300 километри со Русија, се приклучи на НАТО минатата година по промената на политиката предизвикана од војната во Украина и како одговор на заканата од Москва за „контрамерки“.