Финските власти денеска објавија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки долж нивната затворена граница со Русија како одговор на „миграциските притисоци од Русија“.
Новите мерки ќе опфатат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе беспилотни летала и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува Украинска Правда.
Се очекува во наредниот период, пред летниот распуст, финскиот парламент да одобри нова, построга законска регулатива за безбедноста на границата со Русија.