Финансиската полиција денеска влегува во Град Скопје во врска со набавката за новогодишното украсување на главниот град.
По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, Од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.
Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации, информираа од Град Скопје.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.