Финале на Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампиони во Келн.
Екипата на Барселона на пенали беше елиминирана во полуфиналето од Магдебург, кој ќе атакува на четврти трофеј во елитното натпреварување.
За таа цел ќе треба да го совлада полски Киелце, кој во полуфиналето беше подобар од ПСЖ.
Полскиот првак денес ја напаѓа втората европска титула, првата ја освои во сезона 2015/16 кога на пенали го победи унгарскиот гигант Веспрем.
Финалето меѓу Магдебург и Келце е закажано за 18часот.
Претходно, за бронзениот медал ќе се борат екипите на Барселона и ПСЖ.