Имено, диригентот Габриел Бебешелеа ќе го предводи оркестарот во изведување на атрактивна програма, а љубителите на пијано, ќе уживаат во настапот на виртуозот Дино Имери. Ќе настапи со „Концерт во б-мол“, на Чајковски.
Концертот ќе започне во 20 часот, во „Велика дворана Коларчеве задужбине“.
-Гостувањето на оркестарот од Скопје ја отвора културната размена во рамките на иницијативата Отворен Балкан на полето на симнфониската музика – се вели во соопштението на Белградската филхармонија.