Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 5. Striped Tale Animation Festival 2025, што се одржува од денеска до 18 мај во Тбилиси.

-Фестивалскиот тим на својата веб-страница го опишува филмот со следниве зборови: „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. „Јон Вардар против Галаксијата“ нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух, вели режисерот.

Филмот на Цветановски, кој е поддржан од Агенцијата за филм, досега е селектиран на повеќе од десет фестивали, од кои пет се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот.