Филков ја разреши судијката Алексовска Стојановска од работна група во Министерството за правда

На новинарско прашање тој кажа дека со разрешувањето на судијката, не лоцира одговорност кај неа за пресудите што ги донела, туку во прашање е оптимизација на работните групи за што поскоро да се излезе со предлог закон. Останува на ставот дека нема да се меша во работата на Судскиот совет и затоа, вели, апелира до нив да си ја вршат својата работа.

Министерот за правда Игор Филков денеска информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

-Денес се обраќам не како министер за правда туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кој ќе се преиспита целиот случај со прерарно загината Фросина. Истовремено денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот Законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кој очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Загриженоста ја упатувам затоа што сметам дека крајно време е надлежните институциите да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромис. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да испорачаат брзо правично и транспарентно, рече Филков на денешната прес-конференција.

Овој случај, додаде тој, е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите презентирани деновиве дека брзината на постапувањето и корумпираноста  беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка.

-Непостапувањето и спороста отвара можност утре да имаме исти или слични случаи. Апелирам до сите политички члинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневнополитички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвантре. Нема да дозволам неказнивост, но и недопирливост, рече Филков.

На новинарско прашање тој кажа дека со разрешувањето на судијката, не лоцира одговорност кај неа за пресудите што ги донела, туку во прашање е оптимизација на работните групи за што поскоро да се излезе со предлог закон. Останува на ставот дека нема да се меша во работата на Судскиот совет и затоа, вели, апелира до нив да си ја вршат својата работа.

-Апсолутно мислам и ја поддржувам поголемата финансиска независност, но дали тоа значи дека тие ќе си ја вршат поодговорно својата работа, тоа не можам да кажам, вели Филков прашан дали неефикансноста на судството и обвинителството е и поради недоволната поддршка од извршната власт во нивното финансирање.

Потврди дека се разгледува законска можност за измени во Законот за Судски совет со кој членовите кои се бираат во Собранието да можат да се отповикаат и оти се разгледува како една од опциите.

-Ние работиме интензивно на нив и верувам дека во периодот што следи ќе излеземе со конечни решенија, рече министерот за правда појаснувајќи дека се работи на изнаоѓање на најдобрите можни решенија, а тоа е само едно од нив

За лица одговорни за сообраќајни несреќи дали во измените на КЗ ќе бидат предвидени построги казни.

-Ние постојано работиме на усогласување на сите можни законски решенија заедно со колегата Тошовски. Ние се залагаме за максимални казни, рече тој и потврди дека работната група ќе работи на повисоки казни.