Филков за сработеното: Ги вративме правдата и разумот

Во изминатите 12 месеци, Филков, нагласи дека подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Закони што, како што нагласи Филков, го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.

Министерството за правда изминатата година презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Mинистерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, изјави министерот за правда Игор Филков на прес-конференција по повод една година на функцијата.

Во изминатите 12 месеци, Филков, нагласи дека подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Закони што, како што нагласи Филков, го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.

-Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилегираните. И ова е само почеток. Остануваме посветени и понатаму да работиме посветено, чесно, професионално и транспарентно со фокус на реформите, владеење на правото и подобрувањето на животот на секој наш граѓанин, порача Филков.

По осум години во функција е ставена Комората на вештаци, издаваме лиценци и воспоставивме нова програма за полагање на испит, поништивме одлука на претходната влада со која беше десеткратно зголемена нотарската тарифа, ја вративме правдата и разумот во односите меѓу јавните служби и граѓаните.

-Во функција го ставивме системот за надоместок за жртви на кривични дела со насилство согласно законот. Ја отворивме канцеларијата на комисијата која што непречено работи. Со ова воспоставивме основа за практична примена на општествената солидарност, заштита на човековите права и борба против секундарната виктимизација, порача Филков.

По десет години во функција се ставени и електронските алки за надзор на лица во куќен притвор и куќен затвор.

-Воведуваме похуман и поефикасен систем на извршување на санкции. Со ова ја прошируваме употребата на алтернативни мерки, рече Филков.

По 14 години го овозможивме, додаде тој, целосното функционирање на системот ФЕМИДА за аудио и визуелно снимање на судските рочишта.

-Со овој чекор транспарентноста и одговорноста во судството не остануваат само наша заложба, туку и фактичка реалност, изјави Филков.

Од осумте закони во Реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура, од кои го истакна Законот за Судски совет, за кој нагласи дека „не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена насочена кон градење транспарентен, отчетен и професионален Судски совет“.