Поранешниот министер за здравство и сегашен пратеник на СДСМ – доктор Венко Филипче најави дека влегува во трката за лидер на СДСМ.
Тој за тв24 ја потврдил својата намера да се кандидира за иден лидер на СДСМ.
На последните избори Филипче ја предводеше листата на СДСМ и коалицијата во изборната единица 4, каде беа освоени пет пратенички мандати.
Филипче ја извршуваше функцијата министер за здравство во периодот на пандемијата со коронавирусот, а во СДСМ одреден период беше и потпретседател на партијата.
Венко Филипче се официјализира како трет кандидат за претседател на СДСМ, откако свои кандидатура најавија пратеничката и доскорешна министерка за одбрана Славјанка Петровска и директорот во заминување на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
СДСМ свој лидер ќе бира на внатрепартиски избори на 30 јуни, а претходно на соми јани ќе одржи и отчетен конгрес.