Филипче: Услови за укинување на техничката влада нема
„Ние сме подготвени за избори кога и да се случат. Врз основа на тоа како катастрофално се води државата, убеден сум дека ќе има предвремени парламентарни избори“, рече попладнево претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој уште еднаш го повтори ставот на партијата дека „услови за укинување на техничката влада нема“.
„Ќе подадеме рака како што подадовме минатата година, се договоривме со премиерот да има сериозна заедничка работа на реформската агенда. Ниту еден закон не се донесе. Тоа не е вистинска желба. Легитимитетот ние го црпиме од граѓаните“, порача Филипче.
Тој напомена дека „не е случајно тоа што тогаш се воведе техничката влада, за да се овозможи фер изборен циклус. Како до 2016 година, со истите аномалии се соочуваме и сега“.
Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во коалиција.
„Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Наша обврска е да ја вратиме власта кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нека се договараат меѓу себе“, рече Филипче.