
Филипче со препораки: Носете маски, не престојувате на отворено без итна потреба и земајте антиоксиданси за превенција
„Загрижувачки се дел од информациите кои пристигаат дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен. Препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција“, истакна тој.
Претседател на СДСМ, Д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните.
„Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето во препораките, особено од здравствените власти“, напиша Филипче.
Тој предупреди дека дел од информациите укажуваат на горење на литиумски батерии и друг опасен отпад.
„Загрижувачки се дел од информациите кои пристигаат дека горат литиумски батерии и друг отпад кој е исклучително опасен“, рече Филипче.
Во исчекување на официјални информации, Филипче упати конкретни совети до граѓаните во погодените подрачја:
„Препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски, да не престојуваат на отворено без итна потреба и да земаат антиоксиданси за превенција“, истакна тој.
Филипче ја осуди и реакцијата на надлежните институции, нарекувајќи ја „неодговорна и апсурдна“.
„Апелирам до властите – крајно е неодговорно да се молчи во вакви случаи. Исто така е крајно неодговорно наместо решенија, одговорните да измислуваат приказни за хибридни напади, политички потпалени пожари и слично. Ова е надвор од секој здрав разум“, посочи Филипче.