Филипче: Со договорот со Велика Британија Владата воведува данок на иднината, в понеделник ќе понудам точки за лидерска средба

Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија. Нашите прашања се логични и легитимни. Не знаеме на колкав рок се земени тие пари, колкава ќе биде каматата. Нашите пресметки се дека силно ќе биде оптеретен јавниот долг. Тоа денеска го посочи партискиот лидер Венко Филипче, одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, каде присуствуваше на Свечената академија одржана по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија. Нашите прашања се логични и легитимни. Не знаеме на колкав рок се земени тие пари, колкава ќе биде каматата. Нашите пресметки се дека силно ќе биде оптеретен јавниот долг. Тоа денеска го посочи партискиот лидер Венко Филипче, одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, каде присуствуваше на Свечената академија одржана по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

– Практично со тоа се задолжуваат повеќе следни генерации. Министерката за финансии нема одговор на тие прашања. Еднакво е неодговорно и да не знае и доколку ги крие. Сметам дека со овој кредит за кој не знаеме никакви детали, оваа Влада воведува данок на иднината, рече Филипче.

Во врска со обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски на Свечената академија во кој тој повика на единство кај партиите кога се во прашање националните интереси, Филипче потсети дека СДСМ постојано иницира средби, за тоа што треба да се направи за постигнување национален консензус.

– Треба да сме свесни дека живееме во мултинационална и мултикултурна држава, тука не живеат само Македонци, тука се Албанците, Турците, Власите, Ромите…Многупати иницираме работа на конкретни теми, за реформската агенда, постигнување консензус по тие прашања…Добро тргна работата со Законот за енергетика, но во последен момент власта поднесе амандмани што се целосно против вредностите кои ги промовира ЕУ.., рече Филипче.

Тој рече дека партијата е апсолутно подготвена да работи заеднички за доброто и напредокот на државата.

– Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече лидерот на СДСМ.

Во врска со излeгувањето на Арбен Таравари од владејачката коалиција и евентуално коалицирање со него, Филипче рече дека СДСМ партнерите ќе ги бара преку начин на соработка во насока на остварување на програмата за локалните избори, како и преку взаемно почитување на политичките субјекти.

– Тоа е начинот на кој ги идентификуваме нашите коалициски партнери. Веќе имаме потврдени партнери, за локалните избори работиме на креирање на советничките листи. Сигурни кандидати за претстојните локални избори се актуелните градоначалници на Центар и на Крушево, Горан Герасимовски и Томче Христовски, рече Филипче.