Венко Филипче е нов лидер на СДСМ откако победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.
Филипче изјави дека следи период на реорганизација на партијата.
„СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам. Од се срце се заблагодарувам на довербата. Ветувам дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои што ме водат во животот а тоа се заедништво,другарство,взаемна почит и отворена комуникација. Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува“, рече Филипче по прогласувањето на победата.
Филипче вети дека нема да дели, туку ќе обединува и ќе се спротивстави на оние кои сакаат да ја ослабнат СДСМ за свој личен интерес.