Филипче: СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати

„Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“ – напиша Филипче.

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче доцна синоќа на својот Фејсбук-профил објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.

Тој истакна дека процесот на избор на кандидати ќе се спроведе преку широк консултативен процес, во прв ред со членството, а потоа и со сондажи меѓу граѓаните.

„Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“ – напиша Филипче.

Тој додаде дека на работната средба во Кочани, со новото раководство на СДСМ, се разговарало за подготовките за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати.