
Филипче: Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во чесноста
Филипче нагласи дека разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во чесноста, отчетноста и грижата за граѓаните, потенцирајќи дека кадрите на СДСМ работат чесно и до план, заедно со граѓаните и за граѓаните.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Демир Капија, истакна дека со работа, визија и чесно управување, локалната власт предводена од градоначалникот Лазар Петров ја трансформира општината на подобро, во која секоја инвестиција е одговор на реална потреба на граѓаните.
„Два мандати со Лазар Петров и дела што се гледаат. Сработеното зборува за трудот, посветеноста и љубовта што се вложени во Демир Капија и секое село во општината. Кога ќе ги видите обновените улици, реконструираното училиште, детската градинка, новите паркови, канализационата мрежа и новата обиколница, јасно е дека тука не се ветувало, туку се работело”, истакна Филипче.
Тој нагласи дека на Демир Капија и е потребен континуитет на веќе започната работа и на над 58 реализирани проекти: подобрена и нова инфраструктура, локален развој, развој на туризмот и создавање услови за младите да останат и живеат во својот град.
„Демир Капија ќе ја градиме, ќе ја развиваме и модернизираме. Ќе ја градиме со луѓе што знаат, што имаат волја и што работат — за народот, а не за фотелјата.
Лазар е градоначалник кој го реализира она што е ваш приоритет, а не на поединци. И ве уверувам дека така ќе продолжи, транспарентно, квалитетно и домаќински”, потенцираше Филипче.
Филипче нагласи дека разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во чесноста, отчетноста и грижата за граѓаните, потенцирајќи дека кадрите на СДСМ работат чесно и до план, заедно со граѓаните и за граѓаните.
„Кога се работи чесно и транспарентно, кога се мисли на народот, има резултати. Демир Капија денес е општина со нов лик, со развиена инфраструктура и подобрени услови за живот. Од новите патишта, канализациите и резервоарите за вода, до уредените паркови и јавни површини – се гледа дека градоначалникот Лазар Петров знае како да се грижи за сите”, рече Филипче.