Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција информираше дека земјава најверојатно се наоѓа пред нов Ковид – бран.
Тој многу дека е многу тешко да се идентификува вистинската причина за растот на новите случаи. Смета дека е можно да се работи за варијации на вирусот. Негираше дека МЗ не ги консултира надворешните експерти – надлежни во оваа област.
„Во Комисијата за заразни боести членуваат искусни инфектолози и епидемиолози со огромно искуство. Ги консултираме и надворешните експерти. Јас лично сум бил во контакт со нив. Од почетокот на пандемијата досега, сите мерки доаѓаат како препорака на експертите. Нема никаква политика во ниту еден временски период при дизајнирањето на мерките и препораките“ одговори Филипче.
Министерот апелира граѓаните да се вакцинираат затоа што, според него, невакцинираните граѓани се тие кои го создаваат најголемиот притисок врз болниците.
„Невакцинираните го оптоваруваат здравствениот систем, сепак, барем асега не се размислува вакцинацијата да биде задолжителна“ вели тој.
Филипче рече дека доколку бројот на позитивни продолжи да се зголемува тоа значи дека новиот Ковид – бран е започнат.
„Тешко можеме да ја предвидиме динамиката. Болничките капацитети се подготвени, лекарите и медицинските сестри, но мора граѓаните да знаат дека здравствените работници се преморени зашто интензивно работат целокупниот изминат период. Некои КОВИД центри не се ни затворија, а и делови од некои клиники се целосно пренаменети во КОВИД центри. И не е суштината да се наполнат болниците, туку луѓето да се вакцинираат“ – истакна Филипче.