Филипче: Очајни се нападите од Мицкоски, нема ни резултати ни капацитет да води држава

„И во таква ситуација се што прават, спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат државата, имаат одговорности, мораа да покажат резултати. Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата паѓа трети месец поред“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност и обид да се сокрие неспособноста на власта да испорача резултати.

„Спиновите и лагите со кои што се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении,“ рече Филипче.

Тој нагласи дека власта бара оправдување затоа што граѓаните гледаат дека нема ништо реализирано, за разлика од конкретните резултати што ги постигна СДСМ во својот мандат.

„Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И, ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана, платите на докторите до крајот на мандатот за 2,5 пати некаде зголемени, ако сме можеле за само два години од мандатот социјалната помош да ја зголемиме за 300%, ако сме можеле за само две години да ги решивме 30 -годишните отворени стечајците, кои се целосно обештетени, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ бара некакво алиби за тоа дека за некои работи требале децении? Не е тоа вистината. Вистината е дека немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека ваквото однесување станало постојана пракса на власта:

„И во таква ситуација се што прават, спинуваат. Куфери со пари, предавства, поделба на граѓаните. И тоа е нешто што го прават во континуитет, тоа не е нешто ново. Тие, исто како и ланската кампања, и сега ја тераат кампањата. Ама сега водат државата, имаат одговорности, мораа да покажат резултати. Граѓаните гледаат дека нема никаква испорака, се намалуваат платите, се скратија пензиите, просечната плата паѓа трети месец поред“, рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ остави функционален и правичен систем за покачување на пензиите кој власта го укина, а со тоа ги оштети пензионерите:

„Они се одлучија за линеарно зголемување. И сега парите се скратија. Предупредувавме дека така ќе биде“, изјави Филипче.

На крајот, тој упати критика за неконтролираниот раст на цените и неактивноста на Владата:

„Цените се надвор од контрола. Никој не ги контролира цените во маркетите. А, има владата механизам да го направи тоа. Ниту една добра мерка која ќе предложиме не ја подржаа. Во таква ситуација барат предавници, го делат народот, а државата стагнира,“ порача Филипче.

Ја одбиваат Резолуцијата, а до збор ги имаат истите барања во програмата

„Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има национална обединување. Таму се заедничките црвени линии. Ајде да го направиме тоа заедно, во интерес на сите граѓани. Граѓаните сакаат да видат на Македонија како напредува во Европа“, рече Филипче.

Тој потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција.

„Јасно се дефинирани црвените линии. Дополнително на тоа, такви црвени линии има и во програмата на ВМРО ДПМНЕ 1198. Еве што пишува: Македонскиот многувековен идентитет, јазик, посебност, култура, обичај, традиција и херои не сме да бидат дел од било какви политички преговори. Кажете ми што е разликата? “, потсети тој.

Филипче оцени дека се тоа што прави ВМРО-ДПМНЕ е само еден голем спин. Само алиби да нешто не се направи и државата да стои во место. Да не се продолжат преговорите, да не се направи мерка во интерес на граѓаните. „Така не се води држава, извинете“, порача на крајот Филипче.

Тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ намерно создава конфликти за да го избегне одговорот на клучното прашање – зошто Македонија стагнира.

од ВМРО-ДПМНЕ пак оценија дека Филипче денес имал изјава на која не знаат што да одговорат – освен дека наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи.

-.Негативна кампања води токму СДСМ. Нашето потсетување на катастрофата на нивното владеење не е негативна кампања, туку сурова реалност која ја живеат сите граѓани. И ако мислат ќе заборавиме, а до пред 1 година беа на власт и направија масакр од државата со кражби и уништување на институциите и предавства, тогаш се излажале. Да дозволиме да ни глумат невини и нови ликови, со истите трикови како претходно кога ветуваа живот а сега ветуваат среќа, и кога очигледно се лицемерни и не се менуваат и сакаат да го излажат народот повторно, тоа нема да се случи. Нека си ги види Филипче Фејсбук профилите и Тик ток кампањата на негови соработници и луѓе кои ги плаќаат, каде најбрутални лаги и гадости пишуваат и измислуваат, па после нека глуми мајка Тереза.

Разликата меѓу нас и нив е очигледна. Нив ги плаши реалноста и тоа што гледаат дека народот е против нив и никогаш нема да им заборави за злоделата кои ги направија а за кои имаат привремена заштита во обвинителството и судството. Тоа е тоа нивно лицемерие кое ни е познато и кое мора да се порази, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.