
Филипче од Струмица: Од тука тргнаа политиките за правда и слобода, СДСМ се враќа и СДСМ ќе победи
„Секој разговор што ќе го направите оваа недела е еден глас повеќе. Секоја врата на која ќе затропате е еден човек повеќе на вистинската страна. Секој збор, секој телефонски повик, секоја прошетка по улица ќе ја донесе големата победа на 19 октомври“, порача Филипче.
Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија. Ова е борба за еднаквост, за правда, за човеково достоинство. За Македонија што се обединува, не што се дели. Ова е тест за зрелоста на нашето општество. Ова е избор помеѓу два различни света, два пата кои водат на сосема различен правец. Две различни иднини за Македонија“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашниов митинг во Струмица.
Тој повика на масовна теренска мобилизација во последната недела пред изборите.
„Секој разговор што ќе го направите оваа недела е еден глас повеќе. Секоја врата на која ќе затропате е еден човек повеќе на вистинската страна. Секој збор, секој телефонски повик, секоја прошетка по улица ќе ја донесе големата победа на 19 октомври“, порача Филипче.
Тој рече дека верува оти патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротивставиш на моќните.
Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Филипче рече дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, државата стагнира.
„Секогаш истото сценарио, прво празни обивнувања кон противникот, па поделби, па хистерија, па хаос. Со ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти и можности за граѓаните. Нема надеж, во воздухот има само гнев, апатија и немоќ. Партија која е единствено водена од патолошката потреба да се остане на власт, по секоја цена“, порача претседателот на СДСМ.
Без да го споменува Зоран Заев тој рече дека од Струмица тргнале политичари кои ја менуваа државата. „Од тука тргнаа политики кои носеа развој, правда и слобода. Од тука секогаш се раѓала надежта. Затоа од овде, од овој плоштад, ќе ја испратиме најсилната порака: СДСМ се враќа! И СДСМ ќе победи!“, порача Филипче.