Филипче: Од лозарството живеат над 11.000 семејства, а Владата грубо ги изневери нивните очекувања

„Од лозарството живеат над 11.000 семејства во државата, а Владата оваа година грубо ги изневери нивните очекувања. Лозарите годинава не добија никаква дополнителна субвенција, ниту Владата го испочитува законот што сама го донесе. Според тој закон, уште во јули требаше да се пресмета производната цена на грозјето, а потоа винариите да понудат +25% над таа цена. Ништо од тоа не се случи“, рече Филипче.

„Дозволете денеска да го образложам законот кој што ќе го поднесеме во Собранието за поддршка на лозарите во врска со откупот на грозјето, имено после повеќето средби кои што ги имав изминатиот период и во Скопје, Кавадарци и Неготино се наметна потребата да предложиме измена на Законот за вино со кој лозарите ќе добијат дополнителна сума на пари, субвенција по килограм произведено грозје. Иако владата се пофали дека откупната цена на грозјето е зголемена за половина денар, тоа не е никако образложена и е зголемување на основната цена кога се споредува со лани без никаква дополнителна субвенција“, порача денеска во Собранието пратеникот и лидер на СДСМ – Венко Филипче.

„Од лозарството живеат над 11.000 семејства во државата, а Владата оваа година грубо ги изневери нивните очекувања. Лозарите годинава не добија никаква дополнителна субвенција, ниту Владата го испочитува законот што сама го донесе. Според тој закон, уште во јули требаше да се пресмета производната цена на грозјето, а потоа винариите да понудат +25% над таа цена. Ништо од тоа не се случи“, рече Филипче.

Тој потсети дека досега лозарите добивале од 1 до 5 денари по килограм грозје дополнителна субвенција, а оваа година не е издвоена ниту една пара, иако трошоците за производство драматично пораснале.

„Работната рака поскапела од 1.400 на 1.900 денари по ден, цените на средствата за прскање и водата исто така пораснаа. А лозарите – останаа со половина денар повеќе по килограм, што практично не значи ништо“, изјави Филипче.

Дополнително, тој ја критикуваше и одредбата која овозможува намалување на откупната цена за 8% ако лозарите бараат побрза исплата, нарекувајќи ја „срамна уцена на трудот“.

„Тоа е манипулација со потта и маката на илјадници луѓе. Затоа СДСМ предлага укинување на таа одредба и дополнителни 3 денари субвенција по килограм грозје за сите што ќе предадат грозје до август 2025 година“, истакна Филипче.