
Филипче од Кичево: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост
➡ СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите. ➡ Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба. Патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг, истакна Филипче.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава, информираат од СДСМ.
„СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите,“ истакна Филипче.
Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.
„Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.“
Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека „Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.“
„Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.
Филипче: Време е за обединување а не за поделби, тоа е вистински патриотизам
„Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба. Патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од вечерашната трибината во општина Кичево.
Тој истакна дека достоинството на граѓаните и на државата се брани единствено со силни институции и сериозен план, а не со празни зборови.
„Достоинството се брани со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место го ставаат граѓанинот и неговите проблеми,“ рече д-р Филипче.
Филипче потсети дека СДСМ отсекогаш била повеќе од политичка партија велејќи дека „таа е движење за слобода, правда и еднаквост”.
„Без вас нема СДСМ, а без СДСМ нема иднина за правдата, за еднаквоста, за грижата за секој човек. Без вас едноставно нема слобода,“ порача Филипче пред кичевчани на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом”.