Филипче: Оваа власт е далеку од народот и неговите потреби, арогантна и изгубена

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва одржа трибина во Делчево од каде порача дека оваа влада е лицемерна и нема проекти за фалење. „Нејзината безидејност е покриена со нереални проекти и ветувања на граѓаните пред избори, лагите и ПР манипулациите испливаа на површина“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва одржа трибина во Делчево од каде порача дека оваа влада е лицемерна и нема проекти за фалење. „Нејзината безидејност е покриена со нереални проекти и ветувања на граѓаните пред избори, лагите и ПР манипулациите испливаа на површина“, рече Филипче.

„Сега следуваат изговори и оправдување за катастрофално лошиот перформанс, и на централно и на локално ниво. Но нема бегање од вистината, а таа е дека оваа влада нема резултати, не планира да ги исполни ветувањата кон граѓаните и не планира да работи за граѓаните. Оваа власт е далеку од народот. Арогантна и изгубена во своите кабинети, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Тие живеат во ПР, со нарачани анкети, а ние живееме во реалност. Реалност е дека додека народот чека повисоки плати, тие се расфрлаат со наши пари. Јадат манго и папаја, купуваат вина по институции, летаат со приватни авиони, додека платите мируваат и инфлацијата ја јаде секоја заработена пара“, рече Филипче.

„Ова не е време за апатија и повлекување“, порача тој. „Туку ова е време кога граѓаните мора да донесат одлука. Дали да останат пасивни и да гледаат како она што со децении сме го граделе полека се распаѓа, или да застанат и го заштитат најважното, иднината на семејства, достоинството на држава и гласот на секој граѓанин.“

„Затоа е потребно обединување за силен СДСМ. Силен СДСМ е единствената надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива. Затоа да извлечеме поука од минатото и да се здружиме околу борбата е за вредности, за нашите идеали, за да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните. Се бориме за чесност, за отчет и за работа што се гледа“, рече Филипче во Делчево.

Тој од Делчево испрати порака дека поделбите не носат добро никому и дека формулата за успех е силна партиска инфраструктура, луѓе кои работат вредно, чесно и одговорно.

„Ова не е време за апатија и повлекување. Ова е време кога мораме да донесеме одлука. Дали да останеме пасивни и да гледаме како она што со децении сме го граделе сега се распаѓа, или да застанеме заедно и да го заштитиме она што ни е најважно – иднината на нашите семејства, достоинството на нашата држава и гласот на секој еден граѓанин“, порача Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, од граѓанската трибина во Делчево.

Филипче нагласи дека затоа е потребно обединување и силен СДСМ.

„Силен СДСМ е единствената надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива. Затоа да извлечеме поука од минатото и да се здружиме околу борбата за вредности, за нашите идеали, да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните. Се бориме за чесност, за отчет и за работа што се гледа,“ истакна Филипче.

Тој посочи дека формула за успех се кандидатите на СДСМ кои работат чесно, вредно и одговорно:

„Формулата за успех е силна партиска инфраструктура, односно луѓе како вас кои работат вредно, чесно и одговорно 365 дена во годината за да ги афирмираат нашите политики во средината каде што живееме. Тоа е клучот за изборна победа“, рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и од Делчево упати повик до граѓаните на 19-ти октомври гласаат за бројот 5.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Делчево остро ја критикуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ за целосниот колапс на правосудниот систем и изневерените очекувања на граѓаните.

„Граѓаните ја очекуваа долгонајавуваната правда и правна држава на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо правда, видовме селективна правда, скандали со унапредувања на судии и обвинители. За реформите само се зборува, ниту еден закон од реформската агенда не е донесен. Правосудниот систем е оставен сам на себе,“ изјави Филипче.

Граѓаните ја очекуваа и долгонајавуваната правда и правна држава на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо правда се изнагледавме селективна правда, скандали со унапредувања на судии и обвинители, за реформите само се зборува, ниту еден закон од реформската агенда не е донесен за правосудниот систем е едноставно е оставен сам на себе“, рече Филипче.

Филипче остро реагираше и на политичкиот пристап на премиерот Мицкоски, за кого рече дека се поставува како премиер, судија и обвинител во едно.

„Го слушам Мицкоски како оди по митинзи и зборува за правда и одговорност. И знаете што е најтажно? Го слушнавме истото и пред изборите. Иста реторика, исти ветувања. После локални избори лично ќе се позанимавал со обвинителството и судството. И премиер и судија и обвинител. Се во едно е Мицкоски. Тој назначува, тој разрешува, тој оценува судии и обвинители и на крај прави пресметка дали платата им е заслужена или не“, рече Филипче на трибината во Делчево.

Тој исто така порача дека оваа состојба е продолжение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ кои со години го злоупотребуваат судството за партиски интереси.

„Ете ова е сликата на македонското правосудство денес. Со ВМРО-ДПМНЕ знаеме за судството од тефтерче, правда која тие самите ја носат како нив што им одговара. Одма после избори ќе се зафателе со криминалот и ќе исчистеле се, ама некако чистењето тешко им оди“, порача Филипче.