Филипче нема да поднесе оставка: Објави победа во три општини, СДСМ води во девет останати
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција објави дека СДСМ победила во три општини – во Крива Паланка, Кривогаштани и во Богданци и дека води во девет други – меѓу кои Центар, Пробиштип, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци.

За Град Скопје и изборот на градоначалник кој рече дека ќе ги почека резултатите за да биде прецизен.
Генерално тој рече дека не е изненаден од резултатите, дека не се такви какви што посакувала партијата, но дека нивната порака е примена од повеќе граѓани, односно дека имале зголемен број на гласови во одредени општини. Уште повеќе тој рече дека имајќи ги во предвид околностите, не е лош резултатот што СДСМ го има на изборите, споменувајќи дека има неколку општини во кои не е јасен исходот.
Запрашан дали планира да поднесе оставка, Филипче рече дека не планира туку сака да продолжи да работи на консолидација на партијата.