Филипче објави дел од кандидатите за градоначалници

За 19 кандидати, односно 19 општини, каде завршиле внатрепартиските постапки и роковите, а потоа кога ќе се соберат сите, ќе биде доставена на крајна одлука на Централниот одбор.

За 19 кандидати, односно 19 општини, каде завршиле внатрепартиските постапки и роковите, а потоа кога ќе се соберат сите, ќе биде доставена на крајна одлука на Централниот одбор.

Сепак изостана кандидатот за Град Скопје, како и за поголемите градови, како Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, но и Струмица, која се смета за бастион на СДСМ, а претседателот на партијата денеска не соопшти дали ќе го поддржат актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.

Станува збор за 19 општини за кои се знаат кандидатите, а тоа се:

Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)

Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски

Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески

Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)

Општина Берово – Илија Рунтевски

Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)

Општина Лозово – Ацо Велковски

Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев

Општина Богданци – Блаже Шопов

Општина Дојран – Ристо Џинев

Општина Могила – Зоран Ристевски

Општина Неготино – Петар Мантев

Општина Новаци – Љубе Кузмановски

Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)

Општина Вевчани – Стефан Радионоски

Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)

Општина Ресен – Александар Бузлевски

Општина Штип – Павел Иванов

Општина Гази Баба – Влатко Митовски