Министерот за здравство – Венко Филипче во изјава за „Слободен печат“ вели дека „не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Во Законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа“. Тој посочува дека покрај јавно здравствената установа, итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватните установи „Неуромедика“, „Жан Митрев Клиник“, а со транспорт сега започнува и „Никоб“.
„Ние само го озаконуваме тоа што фактички на терен се случува. Приватниот транспорт кој сега граѓанинот го повикува, го плаќа од сопствен џеб и така ќе продолжи тоа. Фондот за здравство нема да ги преземе тие обврски. Ние сега го ставаме во закон, она што со години наназад на терен се случува“ – вели Филипче.
Министерот за здравство изјави и дека по состанокот на Комисијата за здравство во Собранието, тој имал консултација со пратеничките групи на ДУИ, Левица и ВМРО-ДПМНЕ и им ги објаснил промените.