Филипче: Мицкоски ја сведе политиката на таблоид – нема решенија за граѓаните, има само дефокус

„Пред нос ни носат 10.000 „економски работници“ додека на граѓаните им се сервираат измислици. Така функционира оваа власт. Нема одговор за дупката од 2 милијарди евра, нема одговор за минимална плата од 600тини евра, нема одговор за катастрофата во економијата. Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо. Нема одговор ниту за изолацијата, нема одговор за ништо во однос на криминалните тендери коишто ги објавуваме скоро секојдневно. Има само ДЕФОКУС“ порача Филипче.

„Премиерот Мицкоски политиката во земјата ја сведе на ниво на таблоид. Наместо решенија и одговори за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, сведоци сме на празни изјави на премиерот на ниво на жолт печат, без суштина, без реална политика. Ова не е политика, туку дефокус. Дефокус од катастрофалната состојба во земјата, од реалноста и од проблемите , а тоа е примарна цел на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата“ рече на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој рече дека „СДСМ уште во декември најави дека постои дупка во буџетот и дека во државата нема пари. Владата го потврди тоа, со ново задолжување од 1 милијарда евра преку еврообврзница, со што се докажа вистината за која говореше СДСМ. Сега треба да се пополни дупка од 2 милијарди евра кои недостасуваат. Како што објавија британските медиуми, кредитите од 6 милијарди евра, за пополнување на дупките во буџетот се дел од договорот“.