Филипче: Мигранти за пари и кредити, ДПМНЕ ја продаде Македонија!

„Ги понижи граѓаните, им удри шлаканица, им кажа не е важно што вие мислите, што вие сакате, како вие резонирате, вие не гласавте, е сега ние ќе правиме што сакаме“, рече Филипче.

Денеска се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ ја продаде и ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за кредит од шест милијарди евра, ја продаде за мигранти, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта ги граѓаните.

„Ги понижи граѓаните, им удри шлаканица, им кажа не е важно што вие мислите, што вие сакате, како вие резонирате, вие не гласавте, е сега ние ќе правиме што сакаме“, рече Филипче.

Тој додаде дека со прифаќањето на мигранти, сериозно ќе се влоши безбедноста во државата.

„Вака не биле понижени граѓаните никогаш. Зошто? Затоа што треба да бидат луѓе коишто Велика Британија ќе утврди дека не можат да останат кај неа, а не може да се вратат ниту во земјите од коишто доаѓаат, а притоа се осомничени или осудени за најтешките форми на прекршоци. Со такви луѓе ние треба да си имаме работа ако дојдат тука кај нас“, нагласи Филипче.

Во интервјуто Филипче посочи дека темата за прифаќање миграни ја наметнаа релевантни британски медиуми, коишто секојдневно пишуваат дека постои договор помеѓу македонската и британската влада за прифаќање на мигранти во Македонија.

„Кога видовме дека се случуваат такви работи, прво ја прашавме владата, кога видовме дека не одговара и почна нас да не напаѓа, кога видовме дека информациите освен на релевантни британски медиуми, почнаа да излегуваат на светски медиуми, во европските медиуми тогаш интервениравме со многу чести прес-конференции и со прашања до владата, на кои владата во ниту еден момент не одговори единствено нешто што направи ги засили нападите кон мене лично и кон Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Филипче.