Филипче: Изјавата на Пендаровски е извадена од контекст, тој ја поддржува СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека изјавата на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски е извадена од контекст и оти тоа го прават медиуми и структури блиски до власта за да ја нападнат паријата, да кажат дека внатре има поделби. Пендаровски, вели, напротив, дава максимална поддршка во тоа што го прават како партија.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека изјавата на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски е извадена од контекст и оти тоа го прават медиуми и структури блиски до власта за да ја нападнат паријата, да кажат дека внатре има поделби. Пендаровски, вели, напротив, дава максимална поддршка во тоа што го прават како партија.

-Интересно е зошто прашањето доаѓа сега, а изјавата е од пред неколку недели. А и таа изјава е извадена од контекст. Ако ја видите цела изјава таа воопшто не е таква. Претседателот Пендаровски, напротив, дава максимална поддршка во тоа што го правиме, го работиме во партијата. Изминатите денови тоа е резултат на една силна кампања на провладините про ВМРО-вски медиуми, би рекол агитатори, не новинари кои што вадат од контекст и ја напаѓаат партијата, кажуваат дека има делби и така натаму. Прават се и се занимаваат само со СДСМ, а кажуваат дека партијата е мртва, ако е така, зошто 90 проценти од црната кампања на провладините медиуми е против нас и против мене лично, рече Филипче.

Вели дека ваквото однесување е резултат на последната анкета која ја нарачала ВМРО-ДПМНЕ, чии резултати не ги објавуваат, бидејќи разликата меѓу двете партии е намалена.

-Разликата помеѓу нас и нив, а тие резултати не ги објавуваат, за разлика од периодот после изборите 2024 година воочи изборите 2025 година кога нашата разлика беше еден према три, сега е падната на еден према 1,25. Затоа тие се во паника, зашто ова е најлошата и најкоруптивната Влада што некогаш ја водела оваа држава, рече на денешната прес-конференција Филипче.

Тој ја коментираше и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се што прави СДСМ во евроинтегративниот процес е само коленичење.

-Еве нека излезе премиерот и нека објасни што е коленичење, што е предавство на македонските национални интереси. Како тоа со тоа сé што е направено досега од владите на СДСМ во изминатите години некако се загрозени националните интереси, рече Филипче.

Истакна дека ниту самиот премиер нема ништо против ставањето на бугарското и други малцинска во македонскиот Устав.

Тој смета дека оваа власт одработува само за бизнис и за интереси на други држави, што, како што истакна, е рамно на национално предавство.

-Христијан Мицкоски прави национално предавство на македонските национални интереси затоа што одработува за странски држави, за Унгарија, којашто јавно и јасно е оценета од ЕУ дека е соработник на Русија, а Русија нема интерес овој дел од Балканот да се интегрира во Европа, рече Филипче додавајќи дека премиерот нема капацитет да води држава.