
Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како Југославија тоа нема да му помине
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадени вчера на брифинг каде што се пофали дека тој најдобро знае што е национализам бидејќи ја растурил Југославија.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче реагираше на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадени вчера на брифинг каде што се пофали дека тој најдобро знае што е национализам бидејќи ја растурил Југославија.
-Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од друга на од другите етнички заедници, нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на начин којшто го предлага господинот Ахмети.
Сметам дека тоа го кажува само за некаков негов политички бенефит во оваа констелација на односите. Гледам кажал ја растурил Југославија, ако мисли дека вака ќе ја растури Македонија можам да порачам дека нема да победи на овој начин.
Во однос на коментарите на ВМРО-ДПМНЕ, нека го гледаат сопствениот двор со какви кадри располагаат. Еве гледаме за жал кадрите што ја менаџираат во овој момент државата граѓаните ги доведоа до просјачки стап. Така да тоа треба да им е работата нив, не да се занимаваат со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Имаме многу висок критериум за избор на личности на сите позиции и практично се спремаме да наследните избори кога и да се случат власта ја врати во рацете на граѓаните, реплицираше Филипче.