Филипче денеска со конкретен предлог за лидерска, ВМРО-ДПМНЕ потегот го смета како обид тој да го крене сопствениот рејтинг

Лидерот на СДСМ за денеска најави дека ќе излезе со конкретен предлог за она што би се разговарало на лидерската средба, додека од ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека нема потреба од нова лидерска средба која ја гледаат како обид на претседателот на СДСМ да го крене сопствениот рејтинг.

Лидерот на СДСМ за денеска најави дека ќе излезе со конкретен предлог за она што би се разговарало на лидерската средба, додека од ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека нема потреба од нова лидерска средба која ја гледаат како обид на претседателот на СДСМ да го крене сопствениот рејтинг.

За денеска во 11 часот е закажана седница на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава Филипче, а на дневен ред е Статусот на реализација на Реформската агенда на Република Северна Македонија (2024-2027).

Филипче во саботата во изјава за медиумите дадена во Охрид рече дека партијата е подготвена да работи заеднички со останатите чинители за доброто и напредокот на државата и дека мора да се откочи евроинтегративниот процес за да може младите да останат во државата и да се работи на унапредување во многу области за да се подобри животот на граѓаните.

– Веќе во понеделник ќе дадам конкретен предлог за што треба лидерите на најголемите политички партии да разговараат, затоа што јасни се пораките од ЕУ. Додека чекаме и не правиме ништо е губење време. Младите тоа го гледаат единствено како стимул за иселување. Никој повеќе од младите генерации нема да ја гледа иднината тука во Македонија ако ние не го откочиме тој евроинтегративен пат, заеднички да работиме на унапредување во многу сфери што ќе го направи животот и подобар и поквалитетен, рече лидерот на СДСМ.

Високиот број на новозаразени од саботата (241) исто како и некои претходни варијации т.е. отскокнувања од вообичаениот број, се должи на мал кластер во една од конфекциите во Штип, рече мини

Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека нема потреба од нова лидерска средба затоа што таква имало пред еден месец.

– Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. Лидерска средба имаше пред само еден месец и сметаме дека нема потреба за истото. Доколку Филипче сака да си прави средби со своите коалициони партнери може да го направи тоа со Али Ахмети, со Таравари или со Димиче Апасиев, бидејќи тие се исти луѓе со исти вредности, рече Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

Valentin Manasievski, anëtar i KQ të VMRO-DPMNE-së, në konferencën e sotme për media në selinë e partisë, i pyetur për komentin e deklaratës së liderit të LSDM-së opozitare, Venko Filipe se d

Заменик – претседателот за добро владеење Арбен Фетаи кој е дел од коалицијата „Влен“, вчера на прес-конференција рече дека немаат добиено покана за лидерска, но ако добијат, ќе ја разгледаат.

– Средбите на лидерско ниво се традиција во нашата земја. Се случија за време на владеењето на Груевски, за време на владеењето на Заев и за време на владеењето на Ковачевски. Уште една средба се одржа и за време на оваа владеење. Јас лично сè уште не сум добил покана. Доколку има таква покана, треба да ја разгледаме. Но, јас го гледам ова на ниво на рамки на нормалата за креирање политики во нашата земја. Албанските партии се состануваат на ниво на лидери кои соработуваат едни со други. Истото го прават и македонските партии. Ќе видиме, рече Фетаи.

Филипче и Мицкоски имаат средба минатиот месец кога се договорија да се формираат работни групи кои ќе работат на усвојување на реформската агенда и законите во делот на правосудството, енергетиката и здравството.