Филипче: Да им помогнеме на децата здрави и безгрижни да ги остварат своите соништа
„Здравјето на децата секогаш е на прво место. Да им помогнеме здрави и безгрижни, да ги остварат своите соништа“. Ова е пораката која на Фејсбук ја испрати министерот за здравство Венко Филипче по повод Светскиот ден на детето.
„На Клиниката за детски болести реновиравме бројни одделенија – за интензивна нега, за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца. Воведовме нова бесплатна терапија за децата со ретки болести. На Клиниката за хематологија изминативетри години со алогена трансплантација беа лекувани деца постари од 10 години. Овие деца претходно, за ваков тип лекување се упатуваа во странство“ рече Филипче.
Министерот за здравство информираше дека од 2016. година до сега смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25 отсто на 8,9 проценти.