Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Филипче посочи дека ова е само еден од показателите за лошите економски политики на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

„Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Сериозни проблеми со наплатата на повратот на ДДВ, огромен долг на државата и општините, близу 700 милиони евра, од кои близу стотина милиони се за поврат на ДДВ, тоа е реалната слика на економијата денес,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска по работниот состанок со Комората на Северозападна Македонија.

Филипче посочи дека ова е само еден од показателите за лошите економски политики на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

„Сметам дека тоа е само еден од показателите за лошите економски политики кои ги води оваа влада. Сугерираме, предлагаме, тие едноставно немаат слух да излезат во пресрет на вистинските потреби на граѓаните и на компаниите,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.