Филипче: Буџетската дупка е околу 2 милијарди евра, компаниите затвораат поради долгови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите, се наведува во соопштението од СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите, се наведува во соопштението од СДСМ.

Филипче посочи дека буџетската дупка се продлабочува, а државата продолжува да се задолжува.

„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Бладата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу 2 милијарди евра. 1 милијарда евра се издаде еврообврзница, меѓутоа тоа не е доволно“, рече Филипче.

Во орбраќањето Филипче нагласи дека власта доцни во подмирување на обврските, што веќе негативно се одразува врз приватниот сектор.

„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500-600 милиони евра.  Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои што затвораат не можат да издржат, земаат кредити. Живееле луѓето од повратот на ДДВ, од тие пари, сега земаат кредити, заглавуваат и компаниите ги затвораат“, рече Филипче.

Тој додаде дека владата ја става во ризик и исплатата на платите и пензиите, а економската состојба со вака поставени економски параметри дополнително ќе се влоши наесен поради случувањата на Блискиот Исток.

„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и на пензиите. И некаде на есен се ова кога ќе се наталожи уште повеќе со енергетската криза која што очигледно дека скоро нема да спласне, поради случувањата на Блискиот Исток, со актуелната финансиска криза, со долговите, со дупката во Буџетот, со дупката во Фондот за пензиско осигурување, со барањата заеми, наесен оваа економска состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа“, рече Филипче.

Филипче: Собранието никогаш не било по неактивно – нема реформи, нема закони за граѓаните

Собранието никогаш не било по неактивно, владејачкото мнозинство носи закони кои само ним им служат, нема закони за граѓаните, нагласи Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, на регионалната средба со општинските организации од изборната единица 4, што се одржа во Струмица. Филипче потенцираше дека не се спроведуваат реформите и закони кои се пресудни за евроинтеграцискиот процес и се во интерес на граѓаните. Наместо тоа, власта се занимава со политички препукувања.

„Во делот на евроинтеграциите ништо нема да се случи. Немаат ни чекор напред кон реформите. Немаат никаква активност во Собранието. Има искусни пратеници кои знаат дека никогаш Собранието не било вака не активно. Има само закони кои што се носат за усогласување со новиот закон за новите министерства, ништо друго. Закони кои што само нив ќе им служат, ама буквално ништо друго не се случува во Собранието. Се е оставено на некое препукување, надмудрување“, рече Филипче.

Тој додаде дека оваа влада не покажува вистинска намера да направи напредок во евроинтегративниот процес, и покрај притисоците и укажувањата од европските институции.

„Нема да има никакво поместување во делот на евроинтеграциите, нема да се направи никаков чекор и покрај укажувањето и притисокот од европските институции кои што досега велеа, чекајте да видиме свежа е владата па може ќе го направат чекорот, сега се свесни дека тоа нема да се направи и кажуваат отворено – оваа влада нас не лаже, премиерот Мицкоски не лаже“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче посочи дека меѓу граѓаните расте револтот поради однесувањето на власта и нивниот однос кон клучните државни прашања.

„Оваа власт ниту има план, ниту има капацитет, ниту има намера да влезе во процес што се вика решавање на проблемите, а проблемите ќе бидат уште поголеми.Немаат намера да направат нешто, едноставно не им е тоа на памет. Ниту знаат на каде тераат, ниту знаат како да ја водат државата. Огромен е револтот на граѓаните“, рече Филипче.