СДСМ мора да го искористи сиот човечки потенцијал што го има. Филипче најавува стратегија за млади и нови кадри во СДСМ, но остава отворена врата за експертизата и на стари членови кои изминативе 30 години гравитираат во партијата. Тој вечерва се сретна со сопартијците од скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.
,,Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина. Но, да не заборавиме дека СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјадемократи и интелектуалци кои никако не смееме да ги отпишеме”-рече Филипче.
На средбите со членството од Скопје порача дека во услови кога има се помалку луѓе кои сакаат да се вклучуваат во политиката, треба да се искористи целиот човечки потенцијал кој го има СДСМ.