Филипов: Меѓународна асистенција на решавање на спорот со Бугарија не би била на одмет

Поранешниот македонски амбасадор во Берлин Ѓорги Филипов ќе биде гостин вечерва во најновото издание на Трилинг.

Го прашавме колку реално посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц може да го деблокира македонскиот пат кон Европската унија

-Посетата се одвива во многу различни услови, ѝ е можно да даде поголеми резултати. Гледаме дека во самата Бугарија, меѓународната политика, односно надворешната политика ја водат повеќе личности а ниедна од ниев ги нема сите ингеренции да носи самостојна одлука.

Постои голема поделеност внатре меѓу нив, самиот премиер и претседател се поделени, едни мислат одлуката да се носи во Парламентот, додека претседателот дури спомена народот да одлучи, и ќе биде навистина голем успех доколку се успее ова пријателско убедување кон Бугарија да донесе резултати.

Филпов смета и дека една меѓународна асистенција на решавање на овој проблем меѓу два братски народа не би била на одмет и би помогнала.

„Исто би го забаракадирала она што Бугарија го бара, гаранција од меѓународната јавност од ЕУ, дека некои прашања ќе бидат решени по нејзино. Ама таа гаранција се бара само од Европската унија и како ултиматум на Бугарија без да се сослушаат аргументите на спротивната страна“, изјави Филипов.