Филипинскиот совет за безбедност ќе расправа за заканата за убиство на претседателот на земјата

Филипинскиот совет за безбедност официјално ќе расправа за наводната закана за убиство на претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, упатена од потпретседателката Сара Дутерте, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано.

Филипинскиот совет за безбедност официјално ќе расправа за наводната закана за убиство на претседателот на земјата, Фердинанд Маркос Јуниор, упатена од потпретседателката Сара Дутерте, изјави денеска советникот за национална безбедност Едуардо Ано.

Тој тоа го опиша како „прашање на националната безбедност“.

Сара Дутерте, на тензичен утрински брифинг вчера, рече дека разговарала со лице кое таа го опиша како иден атентатор и на кое, како што рече, му дала инструкции да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент во случај таа да биде убиена.

Советникот за национална безбедност Едуардо Ано рече дека владата ги смета сите закани за претседателот за „сериозни“ и најави блиска соработка со органите за спроведување на законот и разузнавачките агенции, кои ќе ја истражат заканата и можните сторители.

„Сите закани по животот на претседателот ќе бидат проверени и ќе се сметаат за прашање на националната безбедност“, се наведува во соопштението на Ано.

Како одговор на заканата на Сара Дутерте, претседателската команда за безбедност на Маркос соопшти дека ги заострила безбедносните протоколи.

Дутерте и Маркос беа политички партнери во 2022 година, но нивниот сојуз се распадна поради разликите во политиката, вклучително и различните ставови за смртоносната војна против дрогата на поранешниот претседател Родриго Дутерте.