Фиго со порака до фудбалските „бунтовници“: Ако се намали бројот на натпревари, мора да бидат помали и платите
Фудбалерите ширум светот се повеќе го нагласуваат проблемот со недостаток на одмор и премногу обврски.
Родри, играчот на Манчестер Сити, најави можност за штрајк на играчите поради зголемениот број на натпревари и продолжување на сезоната до средината на јули, а поддршка доби и од Жил Кунде, играчот на Барселона.
За ова прашање зборуваше легендарниот Луис Фиго кој истакна дека играчите треба да бидат протагонисти и дека е време нивниот глас да се слушне. Сепак, тој не е целосно против идејата за намалување на бројот на натпревари, но смета дека секое намалување треба да има одредени последици.
– Секако, ова е секогаш комплицирана тема за разговор. Играчите имаат договор со субјектот, односно клубот и наше е да го најдеме најдоброто решение. Има смисла дека има се повеќе игри, тоа е само ефект на снежна топка што се тркала по надолнина. Колку повеќе игри, толку се поголеми договорите. Ако се намали бројот на натпревари, мора да бидат помали и платите. Затоа е потребно да се создаде рамнотежа, но многу е тешко да се најде тоа – изјави Фиго.
Фудбалерите веќе подолго време се соочуваат со преоптоварени игри, недоволен одмор и зголемен ризик од повреди.
Сити на Родриго оваа сезона би можел да одигра дури 73 натпревари, а Светското клупско првенство во новиот формат дополнително би ја продолжило сезоната до средината на јули следната година.
Светското клупско првенство во новиот формат треба да се одржи од 15 јуни до 15 јули следната година во САД, но ФИФА се соочува со проблеми околу телевизиските права, локациите на натпреварите и паричните награди.
Фудбалерите се погласни ги искажуваат своите проблеми и барања за подобри услови, а прашањето за преоптоварување со натпревари станува се поактуелно.