Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Вицепремиерот за добро владеење и член на коалицијата ВЛЕН, Арбен Фетаи во интервју за косовска телевизија изјавил дека е жално во каква ситуација е доведен неговиот поранешен сопартиец и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, велејќи дека не му преостанува ништо друго освен да клевети. Фетаи за прв пат открива приватен разговор што го имал со Таравари.

„Таравари клевети затоа што нема што друго да прави. Ме молеше да си одам во Брисел, а во септември да дојдам пак и да станам претседател на Алијанса. Потоа, Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција. Му реков дека не ми треба партија што оди заедно со ДУИ. Тој е подготвен да клевети сè, за неговите соработници. Азир Алиу е меѓу првите што придонесоа за коалицијата ВЛЕН. Ние сме на пат, не се осмелуваме да ја продадеме Алијанса на Али Ахмети“, рекол Фетаи.

Во интервјуто истакнал и дека првата меѓувладина средба што ја одржала македонската Влада била со Владата на Косово.

„Првата меѓувладина средба се одржа со Косово. Идејата за Отворен Балкан е мртва – идеја која беше целосно поддржана од ДУИ“, додал Фетаи.

Фетаи се родил и живеел во Брисел. Бил претседател на движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти во Белгија и, како што пишуваат косовските медиуми, бил консултант во областа на меѓународниот развој со различни меѓународни агенции во Брисел од 2009 година.