Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи
Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот против членот на ДУИ, Ќамил Ковачи.

Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачки ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал.
– Целта е да се оцрни угледот на вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, да се дезориентираат и излажат граѓаните и да се создаде лажен впечаток, заснован на лаги, монтажа и измислици. Оваа тужба е јасна порака дека ќе ја браниме вистината до крај, со сите правни средства. Ќе ги заштитиме граѓаните од дезинформации и нема да дозволиме клеветите, лагите и измамите да се претворат во политичко оружје, се наведува во соопштението.