Фестивалот „Зрно“ со богата меѓународна програма на фестивалот „Аналогманија“ во Романија
Во Темишвар, Романија, фестивалот „Зрно“ денеска ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика. Настанот е дел од пошироките активности на „Зрно“ за промовирање и ширење на аналогната култура во Европа и Зрно фестивалот е препознат ширум Европа како значаен промотор на аналогниот пристап во современата уметност и станува јадро на алтернативната фотографија во Европа.

На фестивалот „Аналогманија“, „Зрно“ ќе се претстави со Исчезнување во пејзажот, авторска изложба на Сара Сасани (Иран); Гора – стебла, авторска изложба на Стиг Марлон Вестон (Норвешка); Ева Ристиќ и Време за чај – авторска изложба Емилија Сандиќ (Србија); Воскреснување на старите мајстори: оживеани негативи од браќата Манаки, Зрно во соработка со Државниот архив на Македонија – Сашо Алушевски.
Во рамките на фестивалот, Сашо Алушевски ќе претстави неколку дела на македонските пионери на фотографијата и филмот – браќата Манаки, отпечатени на традиционален начин, со благородни историски фотографски техники – Ван Дајк и Цијанотипија.
Во организација на galerie.guerilla од Виена и Зрно, изложбата „Sehschärfenbestimmung“ (корекција на диоптријата) претставува разновиден спектар на креативни процеси засновани врз аналогни техники и естетики. 60 уметници, повеќето од Европа, се претставени со внимателно избрани дела. Изложбата нуди богат мозаик на идеи, концепти и визуелни истражувања, охрабрувајќи ги посетителите да се поврзат со визијата на секој автор. Меѓу учесниците се и повеќе македонски автори: Ангела Грозданов, Анѓела Танчевска, Филип Ицовски, Ивана Цветаноска, Јелена Велинова, Кети Талевска Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам и Сашо Алушевски.
Работилници од тимот на Зрно во соработка со Фото клуб „Ирис“: на 13 октомври во 11:00 – Емилија Сандиќ: „Мордансаж техника“; на 14 октомври, 15:00 – Мартина Павлоска: „Креативна игра со полароид фотографија“.