Ферстапен е победник на Ф1 трката во Австралија

Макс Ферстапен е победник на трката за Големата награда на Австралија, видовме една хаотична трка која дури трипати беше прекинувана со црвено знаме.

Првиот прекин се случи на стартот, Ферстапен имаше послаб старт и ја загуби позицијата, пред него беа Расел и Хамилтон. Набрзо потоа дојде црвено знаме откако Албон излета и стујардите проценија дека трката треба да се прекине за да се исчисти песокот од патеката.

Од тој момент следуваше доминацијата на Ферстапен, Расел се откажа поради проблеми со моторот, се откажа и Леклер по првиот круг поради инцидент. Следните два прекини се случија во финишот.

Магнусен удри во заштитната ограда и на два круга пред крајот повторно беше кренато црвеното знаме. Хамилтон ја искористи ситуацијата да се доближи до Ферстапен. Само што продолжи трката, повторно следуваше прекин и ново црвено знаме.

По целата тензија на крајот Ферстапен не ја испушти предноста, Хамилтон заврши зад него, а трет беше Фернандо Алонсо. На четвртата позиција заврши Строл, а во топ десет се уште: Перез, Норис, Хулкенберг, Пиастри, Гуани и Цунода.