Фезер: Некои од Сиријците во Германија ќе мора да се вратат во својата татковина
На дел од Сиријците кои избегнаа во Германија може да им се наложи да се вратат во татковината под одредени услови, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, цитирана од ДПА.
На дел од Сиријците кои избегнаа во Германија може да им се наложи да се вратат во татковината под одредени услови, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, цитирана од ДПА.
„Како што е предвидено со нашиот закон, Федералната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ) ќе ги прегледа и повлече доделената заштита, доколку на луѓето повеќе не им треба таква заштита во Германија, бидејќи ситуацијата во Сирија се стабилизира“, рече Фезер.
Таа подвлече дека тоа ќе важи за оние кои немаат право на престој од други причини, како работа или образование, а не се враќаат доброволно во Сирија.
Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи заедно работат на добивање појасна слика за ситуацијата во Сирија по соборувањето на долгогодишниот владетел Башар Асад.
„Посебно сме фокусирани на прашања поврзани со безбедноста“, забележува Фезер. Германската влада работи и во тесна соработка со европски и меѓународни партнери.
„На тие кои се добро интегрирани, имаат работа, го научиле германскиот јазик и се насочиле кон нов дом, треба да се одлучи да останат во Германија. Луѓето кои сакаат да се вратат треба да бидат поддржани. Криминалците и исламистите треба што поскоро да бидат депортирани. Правните опции за тоа се значително проширени и ќе се искористат веднаш штом ситуацијата во Сирија тоа го дозволи, додаде Фезер.
Според податоци на германското Министерството за внатрешни работи, во моментов во Германија живеат околу 975.000 Сиријци.