Федерер: Сакам повторно да ги полнам стадионите

Роџер Федерер е подготвен повторно да земе рекет. Се разбира, не на врвни турнири, туку на натпревари за легенди.

Роџер Федерер е подготвен повторно да земе рекет. Се разбира, не на врвни турнири, туку на натпревари за легенди.

– Би сакал повторно да играм два-три пати неделно, за да се вратам на егзибициските турнири. Повторно да ги полна стмадионите ширум светот. Би сакал повторно да играм тенис, изјави легендарниот швајцарски играч за „ТНТ Спортс“.

Федерер има 43 години, се збогуваше од тенисот на „Лејвер купот“ во Лондон во 2022 година, играјќи во двојки со Рафаел Надал, но последниот меч во врвна конкуренција во сингл го одигра на Вимблдон една година претходно.

– Уморен сум од голф, доста играв. Се уште немам никакви планови, но би сакал повторно да играм, истакна тој поради фактот дека речиси три години е надвор од тениските натпревари.

Несомнено е дека интересот на публиката да го види веројатно најпопуларниот тенисер, а можеби и најголемиот спортист на сите времиња, е огромен и дека противник лесно ќе се најде. Всушност, колку и да е Федерер популарен, нема ни да е важно кој ќе биде од другата страна на мрежата – трибините секогаш ќе бидат полни. Несомнено е дека најголем интерес би предизвикале неговите потенцијални дуели со Рафаел Надал, но за тоа ќе треба да се почека уште неколку години додека Шпанецот целосно да закрепне.

– Сакам повторно да тренирам и се надевам дека наскоро ќе ме видите на егзибиција, додаде Федерер.