Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман

Прославениот швајцарски тенисер Роџер Федерер ќе биде официјален стартер на овогодишното издание на најпознатата автомобилска трка на издржливост, 24 часа Ле Ман, која ќе се одржи на 14 и 15 јуни.

Прославениот швајцарски тенисер Роџер Федерер ќе биде официјален стартер на овогодишното издание на најпознатата автомобилска трка на издржливост, 24 часа Ле Ман, која ќе се одржи на 14 и 15 јуни.

Оваа година, трката во Ле Ман ќе го има своето 93. издание.

Со назначувањето на Федерер се продолжува неодамна воспоставената традиција да има познати личности како официјални стартери на трката.

Во последните неколку изданија, стартери беа шпанскиот тенисер Рафаел Надал, американскиот кошаркар Леброн Џејмс и американскиот актер Бред Пит, додека лани стартер беше францускиот фудбалер Зинедин Зидан.