Федерален суд во Њујорк нареди заплена на два авиони на Абрамович

Федералниот суд во Њујорк наредил заплена на два авиони чиј сопственик е рускиот олигарх Роман Абрамович. Оваа заплена е дел од серијата санкции против руски милијардери, како одговор на рускиот напад врз Украина.

Авионите на Абрамович марка „Boeing 787-8 Dreamliner“ и „Gulfstream G650ER“ биле префрлени во Русија во март, со што се прекршуваат ограничувањата за извоз на САД, наметнати по рускиот напад врз Украина.

„Боингот“ кој наводно вреди 350 милиони долари, моментно е во Дубаи, а според судските документи, „Галфстрим Г650ЕР“ е во Русија.