Фајон: Загрижена сум поради руското влијание и мешање во Србија

Министерот за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вели дека е загрижена за руското влијание и мешање во Србија и Република Српска.

Во кратко интервју со Си -Ен -Ен, Фајон зборуваше за ситуацијата во Украина, за која вели дека е исклучително важно прашање за Европската унија, но и за настаните на Блискиот исток.

Фајон, чија земја ќе биде не-постојана членка на Советот за безбедност на ООН во наредниот период, вели дека мора да се најде одржливо и праведно решение и за Украина и за Блискиот исток.