Фајнанс тинк: Растот во вториот квартал благо забрза, но не создаде нови работни места

Како што наведува Институтот, невработеноста во вториот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.5 проценти (од 11.7 проценти). Но, посочува, во овој квартал, се намали и активноста на населението (52.2 проценти од 52.4 проценти), како резултат на што се намали вработеноста на 46.2 проценти (од 46.3 проценти).

Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк денеска соопшти дека растот во вториот квартал благо забрза, но не создаде нови работни места. Динамиката на економијата од вториот квартал, според Фајнанс тинк, се очекува да продолжи во текот на годината. Остануваат на проекцијата за реален раст на БДП во 2025 од 3.5 проценти, додека проекцијата за растот на цените се ревидира на 3.7 проценти (од 3.1 процент).

– Во вториот квартал од 2025, БДП се зголеми за 3.4 проценти на годишна основа, благо забрзувајќи ја динамиката од претходните квартали.Остварувањето е во линија со нашите очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор и проекцијата од 3.5 проценти за целата 2025 година. Забрзувањето е, во голема мера, водено од растот во личната потрошувачка (3 проценти),која продолжи да го отсликувапозитивниот реален раст на платите, растот на пензиите и другите доходи и интензивираната кредитна поддршка на домаќинствата. Додека,јавната потрошувачка (-1 процент) се намали по интензивирањето во текот на 2024, наведува Фајнанс тинк во Макро-мониторот 14(2), за вториот квартал од 2025.

Растот на бруто инвестициите (6 проценти), укажува Фајнанс тинк, останува високо варијабилен, додека,извозот (9.1 процент) и увозот (8 проценти) закрепнаа по продолжен период на стагнација и падови, но варибилноста и понатаму ги одразува неизвесностите кај трговските партнери на европскиот континент и од царинската политика на САД. На производната страна, растот во овој квартал е на широка основа како и претходно, со благи забрзувања кај земјоделството (1.8 проценти) и индустријата (3.9 проценти),а задржување на динамиката кај градежништвото (7.3 проценти) и услугите (2.7 проценти).

Како што наведува Институтот, невработеноста во вториот квартал од 2025 понатамошно благо се намали на 11.5 проценти (од 11.7 проценти). Но, посочува, во овој квартал, се намали и активноста на населението (52.2 проценти од 52.4 проценти), како резултат на што се намали вработеноста на 46.2 проценти (од 46.3 проценти).

– Овие движења упатуваат на зголемување на воздржаноста на пазарот на труд. Сепак, губењето 1,000 работни места во нето износ во однос на претходниот квартал е секторски хетерогено. Најмногу работни места се изгубени во ИТ секторот (над 4 илјади, поради глобални секторски трендови) и јавната администрација (над 3 илјади), а креирани се работни места во градежништвото (над 4 илјади), хотели и ресторани (близу 4 илјади) и земјоделството (над 3 илјади), односно секторите со солиден реален раст на додадената вредност, посочуваат од Фајнанс тинк.

Во вториот квартал од 2025, инфлацијата благо забави на 3.8 проценти на годишна основа (од 4.2 проценти), но, истакнува Институтот, и понатаму остана висока. Опстојувањето е сé повеќесврзано со ефектите од порастот на реалните доходи врз потрошувачката (раст на базичната инфлација од 4.9 проценти). Овие ризици налагаат потреба од понатамошна претпазливост и од фискалната и од монетарната страна.

– Динамиката на економијата од овој квартал се очекува да продолжи во текот на 2025 година. Ризик за растот остануваат глабалните неизвесности, а на домашната сцена основен ризик е упорната инфлација.Finance Think останува на проекцијата за реален раст на БДП во 2025 од 3.5 проценти, додека проекцијата за растот на цените се ревидира на 3.7 проценти (од 3.1 проценти), наведуваат од Фајнанс тинк.