„САД сега се надвор од фазата на пандемијата бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски“.
Ова го изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја.
„Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто“ – рече Фаучи.
Ковид-19 во САД продолжува да расте – за повеќе од 22 отсто во последната недела покажуваат податоците на ЦДЦ, но Фаучи истакна дека „нема да го искорениме овој вирус“ и дека луѓето ќе треба рутински да се вакцинираат за да задржат ниска стапка на сериозна форма на болеста и смртни случаи.
„Не знам колку често тоа ќе треба да се прави, рече Фаучи за вакцинацијата. – Може да биде секоја година, може да биде подолго, за да се задржи на ниско ниво. Но, ние не сме во фаза на пандемија во оваа земја во моментов“ – рече тој.